Генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ Игор Јанушев на првата прес-конференција по затворањето на гласачките места денеска, изјави дека неговата партија, за разлика од првиот круг гласање за избор на претседател на државата, се сомнева за изборен инженеринг.
„Сѐ освен победа на професорката Сиљановска, е изборен фалсификат“, смета тој.
Како што кажа тој, забележано било организирано гласање, семејно гласање, поткуп, злоупотреба на полицијата.
Прилеп, Ново Село, Шуто Оризари, Битола и Штип беа местата кои Јанушев ги наведе дека имало организирано гласање со такси превоз, кои биле под полициска опсада, кај што наводно имало закани за апсење на луѓе.
„Денеска народот победи, очекуваме одличен резултат за ВМРО-ДПМНЕ“, рече Јанушев.
Заврши со тоа дека „падот на Зоран Заев е почнат“.
С. К. ДЕЛЕВСКА