САД ЈАСНО ИМ КАЖУВА НА ЕВРОПСКИТЕ ПАРТНЕРИ ДЕКА МЕСТОТО НА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА Е ВО ЕУ, КАЖА ПАЛМЕР

    САД ЈАСНО ИМ КАЖУВА НА ЕВРОПСКИТЕ ПАРТНЕРИ ДЕКА МЕСТОТО НА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА Е ВО ЕУ, КАЖА ПАЛМЕРМетју Палмер во Скопје ги собра американските амбасадори од Западен Балкан на дискусии за регионалните прашања. - Палмер на средбата со министерот за надворешни работи Никола Димитров на 29 октомври (Фото: К. Попов)

    Специјалниот претставник на државниот секретар на САД за Западен Балкан Метју Палмер кажа дека САД ќе продолжат да ја поддржуваат интеграцијата на Северна Македонија во ЕУ и тоа ќе продолжат да го кажуваат јасно на нивните европски партнери, по средбата со американските амбасадори од регионот во Скопје.

    „Имавме добар разговор за последните случувања овде во Северна Македонија, во Брисел и во регионот. Ја реафирмиравме поддршката на САД за интеграција на Северна Македонија во ЕУ и европската перспектива. Тоа е нешто што го кажавме јасно овде во Скопје, а ќе продолжиме да го кажуваме јасно и на нашите европски партнери, исто така. Се собравме овде во Скопје со американските амбасадори од Западен Балкан за дискусии за регионалните прашања и ова беше одлучна можност да ги размениме перспективите“, изјави Палмер.

    Тој рече дека САД е пријател и партнер на Северна Македонија и дека се посветени на оваа врска и дека се посветени на интеграцијата на Северна Македонија во ЕУ, во исто време и на патот во НАТО, кој е чист.

    „Продолжуваме да го поддржуваме Преспанскиот договор кој е важен за стабилноста на регионот и ќе продолжиме да го поддржуваме неговото спроведување“, додаде Палмер.

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира