САД ОБЕЗБЕДИ 16 МИЛИОНИ ДОЛАРИ ЗА БОРБА ПРОТИВ КОРУПЦИЈА, ИНИЦИЈАТИВИ ЗА МЛАДИ И ЕКОНОМСКА КОНКУРЕНТНОСТ ВО МАКЕДОНИЈА

    САД ОБЕЗБЕДИ 16 МИЛИОНИ ДОЛАРИ ЗА БОРБА ПРОТИВ КОРУПЦИЈА, ИНИЦИЈАТИВИ ЗА МЛАДИ И ЕКОНОМСКА КОНКУРЕНТНОСТ ВО МАКЕДОНИЈАДоговорот денеска го потпишаа претставникот на Канцеларијата на УСАИД Ерик Јановски и министерката за финансии Нина Ангеловска. (Фото: УСАИД)

    Амбасадата на САД во Скопје соопшти дека се обезбедени 16 милиони долари за Северна Македонија наменети за намалување на корупцијата, подобро интегрирање на младите во општеството и за зголемување на економската конкурентност. Договорот денеска го потпишаа претставникот на Канцеларијата на УСАИД Ерик Јановски и министерката за финансии Нина Ангеловска.

    Со овие пари ќе се поддржат активности на централната и локалната власт за искористување и успешно управување со финансиските ресурси и спроведување на механизми за отчетност, работата на Државната изборна комисија на претстојните избори, граѓански организации, промоцијата на меѓуетничка кохезија и граѓанска култура кај децата и младите и енергетскиот сектор.

    „Нашата заедничка цел е просперитетна, инклузивна и самоодржлива Северна Македонија. Со борба против корупцијата, создавање можности за младите и поддршка на економскиот развој, ние се обидуваме да ѝ помогнеме на Северна Македонија да го оствари својот потенцијал како просперитетна европска земја“, рече амбасадорката Кејт Мари Брнз.

    САД имаат инвестирано повеќе од 1,2 милијарди долари во Македонија од 1993 година, од кои над 830 милиони преку УСАИД.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира