САД ПОБАРА ДА ОДГОВАРААТ ОНИЕ ШТО ГО НАРЕДИЛЕ ОРГАНИЗИРАНИОТ НАПАД ВО СОБРАНИЕТО

    САД ПОБАРА ДА ОДГОВАРААТ ОНИЕ ШТО ГО НАРЕДИЛЕ ОРГАНИЗИРАНИОТ НАПАД ВО СОБРАНИЕТОАмерика уште еднаш остро го осуди насилството во Собранието. - Од нападот во Собранието на 27 април (Фото: СДК.МК)

    Американската мисија при ОБСЕ побара од властите во Македонија да преземат чекори да ја обезбедат сигурноста на сите пратеници, темелно да го истражат нападот во Собранието на 27 април и да одговараат оние што го извршија, организираа или го наредија насилниот акт. Вршителот на должност амбасадор во ОБСЕ на САД Кејт Брнс кажа дека нема место за насилство во демократскиот процес и изрази сочувство до пратениците и другите повредени во нападот и нивните фамилии.

    „САД ги повикува властите во Македонија да преземат чекори да ја обезбедат сигурноста на сите пратеници, темелно да го истражат нападот во Собранието на 27 април и да одговараат оние што го извршија, организираа или го наредија насилниот акт. Ги поздравуваме напорите на Австриското претседателство за справување со ситуацијата во Македонија, вклучувајќи ја и посетата на Скопје на Специјалниот претставник амбасадорот Штрохал во име на Претседавачот, и помошта од други делови на ОБСЕ“, се вели во соопштението на Американската мисија при ОБСЕ со изјавата на Брнс.

    Таа додаде дека САД, како стратешки партнер на Македонија и со целосна почит за нејзината сувереност и унитарност, ги повикува сите партии да ги стават интересите на Македонија и нејзините граѓани, над сè друго, да работата заедно конструктивно и целосно да ги имплементираат сите нивни обрвски преземени со Договорот од Пржино.

    „Решението за политичката криза може да дојде само со почитување на македонските закони и на волјата на народот, слободно изразена низ демократските процеси, вклучително и на основа на резултатите од изборите во декември минатата година, коишто беа прифатени од сите партии“, вели Брнс во соопштението.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира