Соединитете Американски Држави како стратешки партнер и пријател на Македонија побараа од претседателот Ѓорге Иванов да ја преиспита својата одлука да не го даде мандатот на мнозинството во Собранието, а од соседните држави побараа да покажат воздржаности да бидат конструктивни во политичката криза.
Кејт Брнс, вршител на должност амабасадор на САД во ОБСЕ во Виена денеска изјави дека САД се разочарани поради тоа што претседателот Иванов одбил да им даде можност на партиите што претставуваат јасно парламентарно мнозинство да формираат влада. „Ние веруваме дека ова е спротивно на посветеноста на ОБСЕ, на основните демократски принципи и на владеењето на правото, како основни принципи на организацијата“, рече Брнс.
„Како стратешки партнери на Македонија и со целосно почитување на нејзиниот суверените и интегритет, го охрабруваме претседателот Иванов да ја преиспита својата одлука“, изјави Брнс и ги повика „Владата, политичките лидери и партиите да се воздржат од напади врз организациите на граѓанското општество и да помогнат да се обезбедат услови и поддршка за независните гласови и институциите да ја извршуваат својата работа“.
„Во исто време, ги повикуваме соседите на Македонија да покажат воздржаност и да бидат конструктивни во овој момент на зголемена политичка чувствителност во земјата“, рече постојаниот претставник на САД во ОБСЕ.
САД ги повикаа сите страни да ги стават пред се интересите на Македонија и на нејзините граѓани, да работат заеднички и целосно да ги исполнат обврските од договорот од Пржино.
„Решавањето на политичката криза може да дојде само преку почитување на законите на Република Македонија и меѓународните обврски, и преку почитување на волјата на народот слободно изразена преку демократски процеси, вклучувајќи и врз основа на резултатите од изборите во декември 2016 година, и во духот на инклузивност и меѓуетничка соработка“, изјави Кејт Брнс, вршител на должност амабасадор на САД во ОБСЕ во Виена .