Амабасадата на САД во Скопје бара натамошни појаснувања по изјавата на претседателот Ѓорге Иванов дека прогласува аболиција за сите политичари кои се осомничени од Специјалното обвинителство во врска со прислушуваните разговори.
„Бараме натамошни детали и појаснувања. Изјавата на претседателот секако покренува сериозна загриженост за посветеноста на Македонија кон владеењето на правото“, се вели во реакцијата на Амбасадата на САД.
Ова е првичната реакција откако Претседателот Ѓорге Иванов попладнево прогласи аболиција за сите осомничени од Специјалното јавно обвинителство, а поврзани со прислушуваните разговори што ги објави СДСМ.