Најновото барање на ВМРО-ДПМНЕ во однос на етничката определба во личните карти е како „сакам да водам љубов ама никако да се прегрнам“, рече премиерот Зоран Заев, одговарајќи на новинарско прашање за предлогот на опозициската партија..
Од ВМРО-ДПМНЕ изјавија дека ќе прифатат етничка определба во личните карти, но придавката Северна да не стои во нив бидејќи уште не биле поминати 5 години како што тоа е предвидено со Преспанскиот договор.
„Дефинитивно треба да се поддржат вакви работи оти сме мултиетничка држава. Ние сме пример за соживот и за многу развиени држави. Уставот вели дека нашата земја е Северна Македонија, така да нека не бараат изговори“, рече Заев на прес-конференцијата за петтиот пакет економски мерки.
А. АНТЕВСКА