Само Клиниката за инфективни болести доби нов директор, д-р Фадил Цана на местото на д-р Милена Стевановиќ, а им се продолжија мандатите на директорите на Клиниката за гинекологија и акушерство и на Клиниката за психијатрија, д-р Викторија Јовановска и д-р Стојан Бајрактаров.
Како што соопшти Министерството за здравство, поради истекување на мандат во време на предизборниот период, спроеведни се конкурси во 3 јавно здравствени установи за избор на 4 директорски места.
„На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби – Скопје по спроведениот конкурс за нов медицински директор избран е д-р Фадил Цана согласно доставените документации. На Клиниката за гинекологија и акушерство – Скопје по спроведените конкурси мандат добија д-р Викторија Јовановска како медицински директор и Јетон Шаќири како организациски директор. На Клиниката за психијатрија за медицински директор е назначен проф. д-р Стојан Бајрактаров. Сите именувани директори на јавно-здравствените установи се стручни во својата област и имаат долгогодишно искуство“, соопшти Министерството.
Б. НЕСТОРОСКА