САМО СО КАЗНИ И КОНТРОЛИ СЕ ПОЧИТУВААТ МЕРКИТЕ, ВЧЕРА 130 ИНСПЕКТОРИ ВО КАФЕАНИТЕ, НЕМАЛО ИНЦИДЕНТИ

    САМО СО КАЗНИ И КОНТРОЛИ СЕ ПОЧИТУВААТ МЕРКИТЕ, ВЧЕРА 130 ИНСПЕКТОРИ ВО КАФЕАНИТЕ, НЕМАЛО ИНЦИДЕНТИЌе се бара промена на протоколот во делот на летните тераси оти низ Скопје нема летни тераси отворени од три страни туку сите се застаклени и отворени само од една страна. (Фото: К.Попов)

    Низ кафеаните вчера немало играње на маса и вртење ора како во четвртокот кога после два и пол месеци повторно беа отворени угостителските објекти. Директорот на Државниот пазарен инспекторат Стојко Пауновски вели дека синоќа биле на терен 130 инспектори придружувани од полицијата и се покажало дека само со казни се почитуваат мерките.

    „Се држеше дистанца, немаше прослави како да е Нова година, угостителите не ги бркаат инспекторите. Вчера видовме сосема поинаква слика од онаа во четвртокот. Тоа покажава дека мерките можат да се почитуваат, но само ако има контрола и казни. Идејата која ја имавме 10 дена да едуцираме не е за кај нас“, вели директорот Пауновски.

    Во однос на протоколите на Владата за работата на угостителските објекти Пауновски вели дека ќе бара промена во делот кој предвидува 4 лица да седат на маса само ако се од исто семејство. Ќе се предложи да нема вакво ограничување односно да се дозволи по 4 лица на маса  бидејќи сегашната одредба создава проблеми во однос на легитимирањето на лицата.

    Според протоколот може да работат само летни тераси на локалите отворени од три страни. Но, низ Скопје летни тераси отворени од три страни речиси и да нема. Сите се заградени со стакло за да може да се пуши зимно време.

    „Оваа точка од протоколот на може да се реализира. Дозволено им било на угостителите да ги заградат летните тераси и сега не може да им се забрани да работат. Затоа ќе бараме промена и во тој дел односно да нема услов летните тераси да се отворени од три страни бидејќи на терен сите се отворени само од една страна“, вели Пауновски.

    А. АНТЕВСКА

     

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира