Само ВМРО-ДПМНЕ поднесе предлози за членови на избирачките одбори за изборите на 5 јуни, потврдија за САКАМДАКАЖАМ.МК од Државната изборна комисија (ДИК). Рокот за поднесување на кандидатите истече вчера на полноќ.
Во ДИК објаснуваат дека оној момент кога некоја од партиите ќе предложи свои претставници за овдешните избирачки одбори, со тоа практично ќе се изјасни дека ќе учествува на изборите.