Поради недоволен цензус, првиот круг локални избори ќе се повтори во Гостивар, Маврово и Ростуше, Врапчиште и во Центар Жупа, кажа Државната изборна комисија.
Во овие четири општини не се исполнети условите за излезност од законскиот минимум од една третина од запишаните избирачи на ниво на општина, како за градоначалник, така и за советници.
Така во Гостивар место една третина, одѕивот е 33,31 проценти, па поради тие 0,02 отсто, гласањето ќе се повтори. Математичката пресметка вели дека кабает се само 22 избирачи, кои да излезеле, ќе напраеле цензус.
Во првиот круг за малку ќе победеше Балбон Лјимани од НАИ (ДУИ). Таму втор е Себаедин Даути од ВЛЕН.
Целиот прв изборен круг во овие 4 општини ќе се повтори во рок од 60 дена од денот на објавувањето на конечните резултати.
Во 43 општини гласањето е завршено во првиот круг за избор за градоначалници. Во 33 ќе има втор круг на втори ноември.
Одѕивот на овие локални избори е 46,63 проценти, гласале 854.620 граѓани, кажа синоќа претседателот на ДИК Борис Кондарко.
За градоначалник на Град Скопје во вториот круг ќе се тркаат Орце Ѓорѓиевски од Коалицијата „Твоја Македонија“ на ВМРО-ДПМНЕ и Амар Мециновиќ од Левица.
Во вториот изборен круг за победник се смета оној кандидат кој ќе освои повеќе гласови, цензус нема.
Рокот за приговори за сумираните резултати тече 48 часа почна од 22 часот синоќа. завршувајќи во среда на 22-ри, до 22 часот, рече Кондарко.
А рокот за приговорите за гласањето погна веднаш откако се затворија гласачките кутии и трае до вечерва (вторник) до 19 часот.
С. К. ДЕЛЕВСКА