САМОХРАНИТЕ РОДИТЕЛИ СО ПРИХОДИ ДО 200 ЕВРА НЕМА ДА ПЛАЌААТ ЗА ГРАДИНКА

    САМОХРАНИТЕ РОДИТЕЛИ СО ПРИХОДИ ДО 200 ЕВРА НЕМА ДА ПЛАЌААТ ЗА ГРАДИНКАИзмените на правилникот за условите, критериумите и начинот на остварување на правото на партиципација во трошоците за згрижување, воспитание, одмор и рекреација на деца во јавните установи за деца денес е објавен во службен весник.- Мила Царовска, министерка за труд и социјална политика (Фото: Влада)

    Самохраните родители кои имаат минимална плата или месечен приход до 200 евра ќе бидат ослободени од плаќање на партиципацијата за детска градинка.

    Од Министерството за труд и социјална политика велат дека го измениле Правилникот за условите, критериумите и начинот на остварување на правото на партиципација во трошоците за згрижување, воспитание, одмор и рекреација на деца во јавните установи за деца.

    „Во член 3 од правилникот е предвидено дека правото на партиципација во јавна установа за деца – детска градинка се остварува за дете од семејство на самохран родител, кога еден од родителите е починат или не е познат, кога му е одземено родителското право или ако од други причини едниот родител е спречен да го врши родителското право, со плата и други месечни приходи во износ до минималната плата утврдена со закон“, велат од Министерството за труд и социјална политика.

    Министерството ги повика самохраните родители, кои ги исполнуваат законските услови за ослободување од партиципација да поднесат барање со потребната документација до градинката во која е згрижено детето.

    Правилникот е објавен денес во Службен весник и на веб страната на Министерството.

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира