САЊА БОЖИНОВСКА Е ПОГОЛЕМА МАКЕДОНКА ОД СИТЕ ВАС, МУ ОДГОВОРИ МИЦКОСКИ НА СПАСОВСКИ ЗА БУГАРСКАТА САМОСВЕСТ НА МИНИСТЕРКАТА

    САЊА БОЖИНОВСКА Е ПОГОЛЕМА МАКЕДОНКА ОД СИТЕ ВАС, МУ ОДГОВОРИ МИЦКОСКИ НА СПАСОВСКИ ЗА БУГАРСКАТА САМОСВЕСТ НА МИНИСТЕРКАТАМицкоски ги обвини СДСМ дека измислуваат приказни кои немаат никаква врска ни со енергетиката, ни со минералните суровини, што е ресор на министерката Божиновска. (Фото: Ѓ. Личовски)

    Пратеникот Оливер Спасовски од СДСМ го праша премиерот Христијан Мицкоски дали знаел дека министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска имала бугарска самосвест, на денешната седница за пратенички прашања.

    „Во Владата имаме министер што се изјаснува дека има бугарска самосвест и за тоа немам против. Дали премиерот беше запознаен со тоа кога го формирал кабинетот? Дали се води од начелото: прво Бугарите во влада, па после во Уставот?”, праша денеска Спасовски на седницата за пратенички прашања.

    Мицкоски му одговори дека Божиновска е поголема Македонка од сите пратеници на СДСМ заедно.

    „Да биде Сања Божиновска дел од македонската влада е привилегија. Нејзините резултати во енергетиката се нешто кое може да го сонувате. Зборуваме за работи за кои јавноста не ја интересираат. За неа знае бизнис кремот од Украина до Шпанија и од Скандинавија до Атина. Измислуваме приказни кои немаат никаква врска ни со енергетиката, ни со минералните суровини. Тоа е исто како да зборуваме сега за тоа што вие дававте пасоши на белосветски криминалци. Сања Божиновска е многу поголема Македонка од вас сите заедно”, кажа Мицкоски.

    Во рамки на одговорот, Мицкоски зборуваше и на набавките на јаглен во РЕК и обвини: „Место да нè пуштите да одиме напред, вие: ваква свест, онаква свест измислувате!”, кажа Мицкоски.

    Спасовски рече дека не може да каже дали е задоволен од одговорот, оти немаше одговор во настапот на Мицкоски за Божиновска со бугарска самосвест. Патем, му одговори дека истата фирма која победувала на тендер за јаглен во минатото, добива и денеска.

    С. К. ДЕЛЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира