СДСМ Е ПЕТТА ПАРТИЈА ПО БРОЈНОСТ ВО ГРАД СКОПЈЕ, ЗА СОВЕТОТ ОСВОИ 28.600 ГЛАСОВИ ПОМАЛКУ ОД 2021, ЛЕВИЦА Е ВТОРА

    СДСМ Е ПЕТТА ПАРТИЈА ПО БРОЈНОСТ ВО ГРАД СКОПЈЕ, ЗА СОВЕТОТ ОСВОИ 28.600 ГЛАСОВИ ПОМАЛКУ ОД 2021, ЛЕВИЦА Е ВТОРАСДСМ на Локалните избори во 2021 за Советот на Град Скопје освие 53.204 гласови, а сега 24.587.(Фото: СДСМ)

    Во Советот на Град Скопје на вчерашните Локални избори најмногу гласови доби ВМРО-ДПМНЕ 81.649, па Левица 27.479, „Вреди“ е трета партија со 27.337, а ДУИ четврта со 27.045 гласови. СДСМ е петта партија според бројот на гласови во Советот на Град Скопје со освоени 24.587 гласови. Коалицијата Искуство за успех има освоено 6.953 гласови, ЗНАМ 5.074. Граѓанската листа „Независни заедно“ освои 5.241, а листата на „Зелен хуман град“ 4.886.

    Споредено со локалните избори во 2021, СДСМ изгуби 28.617 гласови, тогаш нивната советничка листа освои 53.204 гласови. ВМРО-ДПМНЕ во 2021 за советници имаше 79.409 гласови, ДУИ 26.351, Левица 20.333, Алијанса за Албанците и Алтернатива 11.448, а Коалицијата ЛДП и ДОМ 9.287.

    За градоначалник на Скопје Орце Ѓорѓиевски од ВМРО-ДПМНЕ е прв со 91.582 гласови, а Амар Мециновиќ од Левица втор со 30.659. Кандидатот на „Вреди“ Башким Бакиу има 27.864, a кандидатката на СДСМ Каја Шукова е четврта со 26.714 гласови,  пред Скендер Реџепи од ДУИ со 26.062. Независниот кандидат од граѓанската листа „Независни заедно“ Горан Марковски освои 7. 661 глас, а Александар Трајановски од Коалицијата „Искуство за успех“ 3. 260 гласови.

    На локалните избори во 2021, кандидатката за градоначалничка на ВМРО-ДПМНЕ Данела Арсовска во првиот круг имаше 86.159 гласови, а кандидатот на СДСМ Петре Шилегов 78,244. Левица со Петар Георгиевски тогаш освои 20.434 гласови. Независната кандидатка на „Зелен хуман град“ Ана Петровска имаше 9.775, а ЛДП со Бени Шаќири 8.871. Партиите на Албанците немаа кандидати за градоначалници. Алијанса за Албанците и Алтернатива тогаш ја поддржа Арсовска, а ДУИ Шилегов.

    А. АНТЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира