СДСМ ЈА СЛАВИ ПОБЕДАТА НА КОСТА ЈАНЕВСКИ ВО СТРУМИЦА СО ПОВЕЌЕ ОД 4.000 ГЛАСА

    СДСМ ЈА СЛАВИ ПОБЕДАТА НА КОСТА ЈАНЕВСКИ ВО СТРУМИЦА СО ПОВЕЌЕ ОД 4.000 ГЛАСАУбедлив триумф во првиот круг. - Коста Јаневски (Фото: СДК)

    Кандидатот на СДСМ, д-р Коста Јаневски, е новиот градоначалник на Струмица.

    Тој прогласи победа над својот ривал од ВМРО-ДПМНЕ, д-р Марјан Бајрактаров, со повеќе од 4.000 гласови разлика. Според првичните информации, коалицијата предводена од СДСМ го доби мнозинството и во Советот, најверојатно, со 14 членови од вкупно 23.

    Ви благодарам за поддршката. Ова е огромна победа за мене, но и огромна обврска да работам за подобар живот за сите во Општина Струмица“, кусо рече во своето прво обраќање новиот градоначалник на Струмица, Коста Јаневски.

    СДСМ победи и во струмичките општини Василево, Босилово и Ново Село, каде што нови градоначалници се Марјан Јанев, Зоран Зимбаков и Боро Стојчев.

    Во првиот изборен круг, победа однесоа и кандидатите на СДСМ во Валандово, Перо Костадинов, во Дојран – Анго Ангов и во Богданци – Блажо Шапов, а победа прогласија и нејзините кандидати во Гевгелија Сашко Поцков и во Радовиш Герасим Конзулов.

    В. ТРАЈКОВ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира