СДСМ ПОБЕДУВА ИЛИ ВОДИ ВО НАД 25 ОПШТИНИ, ШИЛЕГОВ ЌЕ БИДЕ ГРАДОНАЧАЛНИК НА СКОПЈЕ, ВЕЛИ ЉУПЧО НИКОЛОВСКИ

    СДСМ ПОБЕДУВА ИЛИ ВОДИ ВО НАД 25 ОПШТИНИ, ШИЛЕГОВ ЌЕ БИДЕ ГРАДОНАЧАЛНИК НА СКОПЈЕ, ВЕЛИ ЉУПЧО НИКОЛОВСКИШефот на изборниот штаб на СДСМ Љупчо Николовски на вечерашната прес-конференција. (Фото: СДК.МК)

    Во Скопје, Петре Шилегов ќе биде нов градоначалник, бидејќи води пред Данела Арсовска, а СДСМ победува во прв круг или води и влегува во водство во втор круг во над 25 општини, кажа Љупчо Николовски, шеф на централниот изборен штаб на СДСМ за локалните избори.

    Од другите општини, Николовски ги наброја Струмица, Делчево, Крушево, Дојран, Кочани, Карпош, Центар, Пробиштип, Шуто Оризари, Пехчево, Демир Капија, Демир Хисар, Маврово и Ростуше, Росоман, Чашка и Старо Нагоричане, меѓу другите.

    За Куманово, Долнени, Дебарца и Струга рече дека водат пред ВМРО-ДПМНЕ.

    „Локалните избори секогаш имаат втор круг, затоа кочи Мицко. СДСМ го има најголемиот коалициски капацитет во плуралната историја на Македонија“, изјави Николовски на прес-конференција и додаде дека СДСМ ќе освои повеќе општини од ВМРО-ДПМНЕ.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира