СЕ БАРА ПРИТВОР ЗА СКОПЈАНЕЦ КОЈ ПИЈАН ЈА ИСТЕПАЛ И ИЗГРИЗАЛ МАЈКА СИ

    СЕ БАРА ПРИТВОР ЗА СКОПЈАНЕЦ КОЈ ПИЈАН ЈА ИСТЕПАЛ И ИЗГРИЗАЛ МАЈКА СИЖената е повредена откако син ѝ најпрво почнал да ја навредува, а потоа и ја удирал со тупаници по лицето и телото и ја гризел. (Фото: СДК.МК)

    Основното јавно обвинителство (ОЈО) Скопје бара притвор за 40-годишен скопјанец кој пијан ја истепал и изгризал мајка си. Проив него ОЈО поведе постапка за кривично дело Телесна повреда според член 130 став 2 во врска со став 1 од Кривичниот законик.

    „Во семејниот дом на 8 јуни, во алкохолизирана состојба, осомничениот вршел семејно насилство и телесно ја повредил неговата мајка. Најпрво почнал да ја навредува, а потоа и физички ја нападнал, удирајќи ја со тупаници по лицето и телото и да ја гризе. Од зададените удари оштетената се здобила со телесни повреди“, вели Обвинителството.

    Имајќи ја предвид пред се опасноста од бегство и ризикот дека осомничениот ќе го повтори кривичното дело, јавниот обвинител до судијата на претходна постапка достави предлог за определување мерка притвор.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира