СЕ ДАВА ЛИ КУЌЕН ПРИТВОР НА ОБВИНЕТ ЗА ОБИД ЗА УБИСТВО, ВЕЛАТ ОД МВР НА ПРАШАЊЕТО КАКО ИЗБЕГАЛ ТЕЛОХРАНИТЕЛОТ НА МИЈАЛКОВ

    СЕ ДАВА ЛИ КУЌЕН ПРИТВОР НА ОБВИНЕТ ЗА ОБИД ЗА УБИСТВО, ВЕЛАТ ОД МВР НА ПРАШАЊЕТО КАКО ИЗБЕГАЛ ТЕЛОХРАНИТЕЛОТ НА МИЈАЛКОВИзбеганиот Драган Стоименов со Сашо Мијалков пред Кривичниот суд за судење за „Тортура“ во септември 2018 година. (Фото: СДК.МК)

    Драганчо Стоименов, поранешен телохранител на ексдиректорот на УБК, Сашо Мијалков, вчера избегал од домашен притвор, кој му беше одреден од Основниот суд Кочани за обид за убиство.

    „На лицето за кое прашувате судот му одредил мерка куќен притвор и според надлежноста, полицијата неколку пати во текот на денот прави проверки. При последната проверката извршена вчера е констатирано дека лицето не е дома односно не ја почитува мерката на судот и за тоа веднаш е известен судот. По наредба на судот веднаш се преземени мерки и активности за пронаоѓање на лицето“, велат од МВР.

    Тој бил дома вчера при првата проверка, но при последната, веќе не. Од МВР се чудат како обвинет за обид за убиство добил куќен притвор и ги прозиваат официјално обвинителството и судовите дали знаат какви мерки за тешки кривични дела предлагаат и одобруваат.

    Кочанецот Стоименов беше во бегство три месеци откако пукаше во кафеана во сограѓанинот Драган Здравев и во април годинава сам се пријави во Основното јавно обвинителство Кочани.

    Во 2012 година, Стоименов беше ранет од Александар Василевски-Нинџа, кој беше осуден на 10 месеци затвор за нанесување тешка телесна повреда.

    С. К. ДЕЛЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира