Апелацискиот суд ја одложи расправата по жалбата на премиерот Зоран Заев да предметот „Поткуп“ бидејќи еден од судиите во Советот, Африм Фидани, минатата недела беше назначен за врховен судија, а сè уште не е избрана негова замена.
Денеска, одбраната на обвинетиот Заев требаше да ги објасни аргументите зошто видеото од посебните истражни мерки, кои што се најстрога тајна на едно обвинителство, додека трае постапката, не може да се користи откако се најде на „Јутјуб“ и беше пренесено во медиумите.
Претходно, судијката од Основниот суд Скопје 1, Дијана Груевска – Илиевска, го одби барањето на Заев за изземање на снимките од овие мерки на обвинителството за организиран криминал, поради што беше поднесена жалбата. Апелација добила мислење за нив од Вишото јавно обвинителство и нема пречка да се одржи расправата на 27 ноември.
Судењето во Основниот суд Скопје 1 треба да продолжи на 25 декември.
А. АНТЕВСКА