СЕ ПЕЧАТАТ НОВИТЕ УЧЕБНИЦИ НА МЕСЕЦ И ПОЛ ПРЕД КРАЈ НА ПРВОТО ПОЛУГОДИЕ

    СЕ ПЕЧАТАТ НОВИТЕ УЧЕБНИЦИ НА МЕСЕЦ И ПОЛ ПРЕД КРАЈ НА ПРВОТО ПОЛУГОДИЕУчениците од прво, второ, четврто и петто одделение од 1 септември учат од работни материјали. (Фото: К. Попов)

    На безмалку месец и половина пред крај на првото поолугодие од учебната година 2022/2023, учениците од прво, второ, четврто и петто одделение ќе ги добијат учебниците за наставните предмети.

    Министерството за обраозвание и наука (МОН) денеска соопшти дека оваа и следната недела ќе се печатат и испорачаат новите учебници. Учениците од овие одделенија во основните училишта од 1 септември учат од работни материјали.

    „Станува збор за над 20 учебници за кои нема жалбени постапки, по наставни предмети во прво, второ, четврто и петто одделение и тоа на сите јазици на кои се изведува наставата во основните училишта во државата, односно на македонски, албански, турски, српски и босански јазик. Потсетуваме дека нивната изработка следеше по креирањето на нови наставни програми за овие одделенија, согласно планот за етапна реформа на основното образование“, велат од МОН.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира