СЕ ПРЕВРТЕ ПОЛИЦИСКИ ЏИП НА РУЗВЕЛТОВА ВО СКОПЈЕ

    СЕ ПРЕВРТЕ ПОЛИЦИСКИ ЏИП НА РУЗВЕЛТОВА ВО СКОПЈЕПревртеното полициско возило стоеше на тротоарот до утринава, кога беше кренато со „пајак“. (Фото: Н. Михајловски)

    Полициски џип се преврте по сообраќајка со друго возило на крстосницата на Рузвелтова и Орце Николов во скопски Карпош, ноќеска околу 3.30 часот. Полесно повредени се тројца полицајци во „јетито“, кои биле пренесени во Клиничкиот центар и им била укажана помош.

    „На 10.07.2021 во 03,37 часот во Скопје на крстосницата од улица Франклин Рузвелт со улица Орце Николов, се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко моторно возило Шкода јети сопственост на МВР, а управувано од К.Н. и патничко моторно возило Мицибуши спејстар со скопски регистарски ознаки, управувано од В.А.(41) од Скопје. Во незгодата со повреди се здобиле возачот (полициски службеник) на возилото Шкода јети и двајца сопатници (поолициски службеници) од истото возило, по што им била укажана помош во Комплексот клиники Мајка Тереза. Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од СВР Скопје“, соопштија од МВР.

    Превртеното полициско возило стоеше на тротоарот до утринава околу 8.30 часот, кога беше кренато со „пајак“, но претходно мораше да се исечат столпчињата во кои беше заглавено.

    С. К. ДЕЛЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира