СЕ СОМНЕВАМЕ ДЕКА ЗАД НАПАДИТЕ НА НОВИНАРИ СТОИ ЛИЧНО ГРУЕВСКИ, ВЕЛИ СЕЛМАНИ ОД ЗНМ

a:1:{s:9:"td_source";s:45:"Скопје,(САКАМДАКАЖАМ.МК)

    СЕ СОМНЕВАМЕ ДЕКА ЗАД НАПАДИТЕ НА НОВИНАРИ СТОИ ЛИЧНО ГРУЕВСКИ, ВЕЛИ СЕЛМАНИ ОД ЗНМ

    Претседателот на Здружението на новинари на Македонија Насер Селмани се сомнева дека зад нападите на новинари стои лично лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски. Селмани, по средбата со министерот за внатрешни работи Агим Нухиу, во врска со вчерашниот напад на новинарската екипа на порталот „А1он“ за време на протестот на граѓанската иницијатива „За заедничка Македонија“ го обвини Груевски дека не направил ништо да ги спречи овие напади и потсети дека во времето на Груевски се случија 40 напади на новинари.

    „Најодговорно тврдам дека сериозно се сомневаме дека зад овие напади на новинари стои лично Никола Груевски. Се сомневам во тоа затоа што во изминатите шест години тој човек не направи ништо за да ги спречи овие напади. Во негово време беа апсени и затворени двајца новинари, од кои еден уште е во притвор, го влечат три години и судот сè уште не е во состојба да го суди затоа што нема докази. Во времето на Никола Груевски беше затворена најгледаната телевизија, се случија 40 напади на новинари, отворено водат кампања против новинари за да ги дискредитираат и поттикнуваат насилства врз новинари. И навистина, ако вие сте сведоци на сето тоа, во време кога тој човек е најодговорен човек во Македонија, а не направил ништо да ги спречи тие напади на новинари, тогаш логично е да се сомневаме дека сега, кога тој човек одбива мирен трансфер на власта, тие напади се инспирирани и координирани од таа партија“, изјави Селмани пред МВР.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира