СЕ УРНА ДЕЛ ОД ПОТПОРНИОТ ЅИД НАД ДЕТСКА КЛИНИКА, ВО ПРАШАЊЕ СЕ СААТИ КОГА ЌЕ СЕ СРУШИ ЦЕЛИОТ, ВЕЛИ ДИРЕКТОРОТ НА ЦУК АНГЕЛОВ

    СЕ УРНА ДЕЛ ОД ПОТПОРНИОТ ЅИД НАД ДЕТСКА КЛИНИКА, ВО ПРАШАЊЕ СЕ СААТИ КОГА ЌЕ СЕ СРУШИ ЦЕЛИОТ, ВЕЛИ ДИРЕКТОРОТ НА ЦУК АНГЕЛОВ„Во некое најлошо сценарио, ќе дојде до рушење на ѕидот, но и на улицата“, рече Ангелов, апелирајќи дека е потребна итна координација на надлежните институции. (Фото: ЦУК)

    Утринава се урна дел од потпорниот ѕид зад Детската клиника во Клиничкиот центар „Мајка Тереза“ во Скопје, во опасност се човечки животи и имот, рече денеска директорот на Центарот за управување со кризи (ЦУК), Стојанче Ангелов.

    Ангелов вели дека пред една и пол година до ЦУК стигнале пријави од неколку граѓани дека потпорниот ѕид на улицата Белградска, која минува веднаш до Клиничиот центар „Мајка Тереза“ , над Клиниката за детски болести е во лоша состојба, накосен е и постои опасност да падне.

    Од ЦУК веднаш биле известени сите надлежни институции, како Министерството за здравство, Градот Скопје како и Општината Центар, Министерството за внатрешни работи (МВР ) за преземање на потребните мерки за да се заштитат животот и здравјето на граѓаните.

    „Под улицата постои систем од шахти и подземни канали чија сопственост не можеме да ја утврдиме. Не ја собират подземната вода коа доаѓа од падините на Водно и избива во самиот ѕид и со тоа дополнително ја нарушува стабилноста на ѕидот, но и на улицата“, вели Ангелов. (Фото: ЦУК)

    „За жал, една и пол година подоцна не е преземено ништо. Состојбата со ѕидот е уште повеќе влошена и рано утрово на 112 добивме  пријава дека дел од овој ѕид е срушен, но прашање на ден, а можеби и на час, е кога ќе се сруши и останатит дел од ѕидот под кој што, меѓудругото, паркираат и возила, а се движат и лица. Затоа апелираме до Министерството за здравство, до Градот Скопје и Општина Центар итно да се зафатат со надминување на оваа опаснсот“, вели Ангелов.

    Според него, опасноста е комплексна затоа што улицата Белградска го го разграничува Клиничкиот центар со куќите кои се веднаш над неа.

    „Под улицата постои систем од шахти и подземни канали чија сопственост не можеме да ја утврдиме. Тие се во многу лоша кондиција. Не ја собират подземната вода коа доаѓа од падините на Водно и избива во самиот ѕид и со тоа дополнително ја нарушува стабилноста на ѕидот, но и на улицата. Тука се движат возила во двата правци, но таа тесна и едвај се разминуваат. Во некое најлошо сценарио, ќе дојде до рушење на ѕидот, но и на улицата“, рече Ангелов, повторувајќи дека е потребна итна координација на надлежните институции.

    Б. НЕСТОРОСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира