СЕ ЗАПАЛИ ЗГРАДАТА НА МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ПРАВДА

    СЕ ЗАПАЛИ ЗГРАДАТА НА  МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ПРАВДАПожарот како што велат од Бригадата за противпожарна заштита избувнал во 16.45 часот и според сегашните информации зафатени се две канцеларии во зградата.(Фото: СДК.МК)

    Се запалија канцеларии во новата барокна зграда на Министерството за правда на улицата Димитрие Чуповски.

    Пожарот како што велат од Бригата за противпожарна заштита избувнал во 16.45 часот и во моментов се работи на негово гасење.

    „Интервенираме со 6 возила и повеќе пожарникари. Според досегашните информации зафатени се две канцеларии во зградата“, велат од Пожарната бригада.

    Од таму велат дека немаат информации за причината за пожарот.

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари