СЕ ЗАПАЛИЛ АВТОБУС СО ЖЕНИ ШТО СЕ ВРАЌАЛЕ ОД ВМРОВСКИОТ СОБИР ВО СКОПЈЕ, НЕМА ПОВРЕДЕНИ

a:1:{s:9:"td_source";s:45:"Битола,(САКАМДАКАЖАМ.МК)

    СЕ ЗАПАЛИЛ АВТОБУС СО ЖЕНИ ШТО СЕ ВРАЌАЛЕ ОД ВМРОВСКИОТ СОБИР ВО СКОПЈЕ, НЕМА ПОВРЕДЕНИ

    Автобус со жени од Новаци кои се враќале од годишната конференција на Унија на жени на ВМРО-ДПМНЕ во Скопје се запалил на Плетвар, дознава САКАМДАКАЖАМ.МК.

    Според очевидци од други возила кои застанале да помогнат жените бегале надвор додека возачот и кондуктерот се обидувал да го изгаснат огнот.

    Настанот се случил вечерва околу 20 часот кога автобусот сопственост на битолска превозна компанија запрел да качи патници за Битола, на кои претходно им се расипало комбето. Во тој момент во предниот дел од автобусот, во кабината за патници се појавил оган.

    Жените панично излегле низ задната врата која за среќа возачот успеал да ја отвори.

    Според првичните информации на САКАМДАКАЖАМ.МК, нема повредени патнички. Оганот брзо бил локализиран со противпожарните апарати од автобусот. Противпожарната бригада од Прилеп не била ангажирана.

    Зад нив бил уште еден автобус со жени членки на ВМРО-ДПМНЕ од Битола. И тие излегле од автобусот да им помогнат на сопартијките.

    МВР се уште нема објавено официјална информација за настанот.

     

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира