СЕГА И ДА САКАМЕ НЕ МОЖЕ ДА СЕ РАЗРЕШИ КОЦЕВСКИ ОТИ ВЛЕГУВАМЕ ВО ПРЕДИЗБОРЕН ПРОЦЕС, РЕЧЕ МИЦКОСКИ

    СЕГА И ДА САКАМЕ НЕ МОЖЕ ДА СЕ РАЗРЕШИ КОЦЕВСКИ ОТИ ВЛЕГУВАМЕ ВО ПРЕДИЗБОРЕН ПРОЦЕС, РЕЧЕ МИЦКОСКИВо понеделникот, пратениците во Собранието ја поддржаа интерпелацијата на републичкиот обвинител Коцевски.(Фото: К.Попов)

    Премиерот Христијан Мицкоски вели дека државниот јавен обвинител Љупчо Коцевски не може да се разреши поради предизборниот период.

    Сега, и да сакаме, не можеме да преземеме нешто бидејќи влегуваме во процес на распишани избори. Најверојатно изборите ќе се распишат кон крајот на следната недела. Така што, сите процеси на избор и именувања поради ограничувањата на законот ќе бидат стопирани. Од ноември ќе продолжиме со оној процес, онаму каде што застанавме. Ако се одважи и даде оставка, повторно влегуваме во еден лавиринт во кој не можеме да бидеме поради ограничувањата кои што ги имаме. Ние можеме да избереме, но ќе биде спротивно на закон. Затоа има таму заменици, тие ќе ја заменуваат работата на јавниот обвинител сè додека не биде избран нов. Истото важи и за другите институции, не само за јавниот обвинител“, рече Мицкоски при посетата на Клиниката за уво, нос и грло.

    Во понеделникот, пратениците во Собранието ја поддржаа интерпелацијата на републичкиот обвинител Коцевски. Интерпелацијата нема правно дејство што значи дека Коцевски останува сам да одлучи дали ќе поднесе оставка или пак Владата ќе биде таа која ќе продолжи со постапката за разрешување.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира