СЕКОЈ ДЕН ЌЕ ЈА ПОВИКУВАМ ОПОЗИЦИЈАТА ЗАЕДНО ДА ЈА ИЗБЕРЕМЕ МАКЕДОНСКАТА ИДНИНА, КАЖА ЗАЕВ НА ПРОСЛАВАТА ВО БИТОЛА

    СЕКОЈ ДЕН ЌЕ ЈА ПОВИКУВАМ ОПОЗИЦИЈАТА ЗАЕДНО ДА ЈА ИЗБЕРЕМЕ МАКЕДОНСКАТА ИДНИНА, КАЖА ЗАЕВ НА ПРОСЛАВАТА ВО БИТОЛАПремиерот Зоран Заев на прославата по повод добивање покана од НАТО во Битола. (Фото:СДК. МК)

    Да го испратиме во историјата и да го заборавиме еднаш засекогаш синдромот да го порекнуваме успехот на другиот. Ова е успех на сите нас без разлика на политичката определба, порача премиерот Зоран Заев на  прославата по повод поканата за членство во НАТО што вечерва се одржува во Битола.
    „Ги повикувам сите граѓани да си подадат рака, денес силите што нѐ делат не се толку силни како силите што нѐ обединуваат, а тоа се датумот за преговори со ЕУ и поканата од НАТО. Ќе ја повикувам опозицијата од сега понатаму секој ден ајде да ја избереме македонската иднина. Ајде да престанеме со сеење омраза, да се издигнеме над делбите и разликите”, рече премиерот.
    Запрашан дали ќе се надминат пречките околу формирањето на ДИК, тој изрази надеж дека како одговорни политичари ќе ги решат пречките во најкус можен рок.
    „Идната недела е недела за разговори, завршија дипломатските посети. Сега со поканата во раце можеме да седнеме сите политички лидери да поразговараме за она што не попречува за успешно спроведување на референдумот. Оттука пречките и за ДИК и за сите други процеси верувам дека како одговорни политичари ќе ги решиме во најбрз можен рок”, рече Заев.
    Пенкалото од Столтенберг рече дека е закачено заедно со поканата во неговиот премиерски кабинетот.
    Ж.ЗДРАВКОВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира