СЕЛА БАРА 500.000 ЕВРА ОШТЕТА ОД ОБВИНЕТИТЕ ОТИ ТОЛКУ ЧИНЕЛО ЛЕКУВАЊЕТО ВО СТРАНСТВО

    СЕЛА БАРА 500.000 ЕВРА ОШТЕТА ОД ОБВИНЕТИТЕ ОТИ ТОЛКУ ЧИНЕЛО ЛЕКУВАЊЕТО ВО СТРАНСТВОСудијката Славица Андреевска ја почна доказната постапка за претепувањето на Села. - Обвинетите на денешното судење во Основниот суд Скопје 1 (Фото: М. Златевска)

    Откако на минатото судско рочиште отфрлија вина за тешко повредување и обид за убиство на пратеникот Зијадин Села во Собранието, десеттемина обвинети утринава беа донесени од истражниот затвор во Шутка во Основниот суд Скопје 1, каде што продолжи судењето за 27 април.

    Адвокатот на Села, кој едвај остана жив од претепувањето при нападот на Собранието, побара материјална отштета од 500 илјади евра, колку што чинело лекувањето во странство. За нематеријалните докази, физичка болка, претрпен страв, душевна болка и друго, адвокатот рече дека Села ќе поведе дополнителна постапка.

    По ова судијката Славица Андреевска ја почна доказната постапка за претепувањето на Села. Адвокатот најави дека тој ќе дојде по сослушувањето на вториот сведок. Во моментов почнува сослушувањето на првиот сведок Орданче Соколески.

    С. К. ДЕЛЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира