Лидерот на Алијанса за Албанците Зијадин Села дојде во Основниот суд Скопје 1 како сведок и оштетен, на судењето за обид за убиство врз него на 27 април во Собранието лани.
Ова е прво појавување на Села откако почна овој судски процес во кој обвинети и притворени се 10 лица. Деветмина од нив беа донесени од затворот во Шутка, а еден од куќен притвор. Села седна спроти обвинетите.
Се очекува да го почне сведочењето за неговото брутално претепување во кое беше тешко повреден во главата и од кое што СЕедвај остана жив. Во воведните зборови на претходното рочиште, обвинителот Дарко Јакимовски кажа дека Зијадин Села е жив, бидејќи обвинетите 10 напаѓачи мислеле дека го убиле од ќотек.
С. К. ДЕЛЕВСКА