СЕПАК 45 ЖРТВИ ВО ИЗГОРЕНИОТ АВТОБУС, ЈОВЕСКИ КАЖА ДЕКА ДОПОЛНИТЕЛНО Е ПРОНАЈДЕНО УШТЕ ЕДНО ИЗГОРЕНО ТЕЛО НА МЛАД ЧОВЕК

    СЕПАК 45 ЖРТВИ ВО ИЗГОРЕНИОТ АВТОБУС, ЈОВЕСКИ КАЖА ДЕКА ДОПОЛНИТЕЛНО Е ПРОНАЈДЕНО УШТЕ ЕДНО ИЗГОРЕНО ТЕЛО НА МЛАД ЧОВЕКПри вештачењето на изгорениот автобус во неговите изгорени делови е најдено уште едно тело, тело на младо лице. (Фото: СДК.МК)

    Државниот обвинител Љубомир Јовески на денешната прес-конференција кажа дека четврти ден по несреќата во Бугарија, во која целосно се запали автобус на агенцијата „Беса транс“ и изгореа 44 патници, сепак брои за жал, 45 жртви.

    „Сликите што ги видовме се слики на целосно оштетен автобус. При вештачењето на изгорениот автобус во неговите изгорени делови е најдено уште едно тело, тело на младо лице“, кажа денеска Јовески на прес-конференцијата по повод доаѓањето на претставници од Обвинителството на Бугарија, кои денеска дојдоа во Скопје по ДНК-примероци од блиските на загинатите македонски државјани, заради нивна побрза идентификација.

    Претставници од нашето обвинителство и од Институтот за судска медицина, ќе присуствуваат на утрешната идентификација на жртвите.

    С. К. ДЕЛЕВСКА

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира