СЕПТЕМВРИСКАТА ПЛАТА НА МЕДИЦИНСКИТЕ СЕСТРИ ЗГОЛЕМЕНА ЗА 1.500 ДЕНАРИ, А НА ЛЕКАРИТЕ ДО 4.580 ДЕНАРИ

    СЕПТЕМВРИСКАТА ПЛАТА НА МЕДИЦИНСКИТЕ СЕСТРИ ЗГОЛЕМЕНА ЗА 1.500 ДЕНАРИ, А НА ЛЕКАРИТЕ ДО 4.580 ДЕНАРИПоголеми плати ќе добијат 19.123 вработени во јавниот здравствен сектор, за што месечно е потребен буџет од 39,1 милион денари.- Од денешното потпишување на Спогодбата меѓу Министерството за здравство и Самостојниот синдикат за здравство, фармација и социјална политика (Фото: МИА)

    Основицата на септемвриската плата за вработените во здравство се зголемува за пет проценти, односно за 632 денари или од 12.654 денари на 13.286 денари, за што денес Министерството за здравство и Самостојниот синдикат за здравство, фармација и социјална заштита потпишаа спогодба.

    Со ова зголемување платите на средно медицинскиот кадар ќе им се зголеми за 1.500 денари, на докторите специјалисти во здравствените домови 3.756 денари, на докторите во општите болници за 4.060 денари, а на докторите на универзитетските клиники за 4.580 денари.

    Премиерот Зоран Заев кажа дека ова зголемување е само почеток, и дека со голема реалокација на средства ќе има повеќе пари за целокупниот здравствен систем.

    „Но, овој пат не сме сами. Има подадена рака од сите земји партнери, а највеќе од Европската Унија. Грантовите кои и сега ги добива Македонија од Европската унија ќе бидат уште поголеми, а тоа ќе значи повеќе пари во сите сектори, нови болници и поголеми плати“, рече Заев.

    Министерот за здравство Венко Филипче кажа дека пакетот потребни дополнителни буџетски средства за зголемување на најнискиот износ на најниската плата за 19.123 вработени изнесува 469 милиони денари годишно или 39,1 милион денари месечно.

    Љубиша Каранфиловски, претседател на Самостојниот синдикат за здравство, фармација и социјална заштита потпишаа спогодба, кажа дека е зaдоволен што е потпишана спогодбата за зголемување на платите, но дека дел од здрaвствените работници се незадоволни, бидејќи се преоптоварени со работа, а платите им се мали.

    „Здравствениот систем е пресензитивен и преосетлив и тој е еден од столбовите на државата. Се надевам дека напорите на Владата и Синдикатот ќе биде предуслов за достоинствената работа во здравствениот сектор. Но, мора да кажам дека има реакции од дел од здравствените работници дека се преоптоварени со работа, а платите им се помали“, рече Каранфиловски.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира