Центарот на Скопје е блокиран за сообраќај оти на неколку клучни места има протести.
Блокирани се раскрсниците кај Бит Пазар, кај Црвен крст и кај Соборниот храм, како и строгиот центар на градот.
Граѓаните кои протестираат со #Шарена револуција и #Протестирам не прецизираа колку и кои раскрсници ќе се бликираат но бараат трпение и ги повикуваат оние кои ќе се соочат со блокада да свирнат за поддршка и да се придружат.
Во исто време блокирана е и улицата пред Министерството за правда. Таму протестираат судските работници.