ШАРЕНАТА РЕВОЛУЦИЈА И НА СКОПСКИОТ МАРАТОН

    ШАРЕНАТА РЕВОЛУЦИЈА И НА СКОПСКИОТ МАРАТОН

    Повеќе од 8.000 учесници од 46 држави денеска учествуваат на годинешниот „Виз Ер Скопски Маратон“, кој се одржува по 12 пат. Маратон се организира под покровителство на Град Скопје и Мисијата на Европската унија, а наградниот фонд на маратонот изнесува 17.100 евра.

    rodova ednakvost 2

    Во рамките на маратонот се одржа и кампања за „Родова еднаквост“, организирана од УНПД. Десет лица облечени во портокалово, бојата за родова еднаквост, ја истрчаа кратката маратонска трка. (Фото: МЕТА)

    Во рамките на маратонот се одржа и кампања за „Родова еднаквост“, организирана од УНПД. Десет лица облечени во портокалово, бојата за родова еднаквост, ја истрчаа кратката маратонска трка.

    “Борбата за еднакви права меѓу мажите и жените е маратон со историски пропорции. Иако остваривме напредок кон оваа цел, се уште ни преостанува уште многу за одење”, рече шефицата на мисијата на УНДП во Македонија, Луиза Витон.

    На маратонот се трчаат четири трки, маратон, полумаратон, штафетен маратон и трка на 5.000 метри, а исто така и годинава ќе има конкурси за избор на најдобар транспарент и за најдобра фотографија.

    Меѓу учесниците на маратонот можеше да се забележат и поддржувачи на „Шарената револуција“, кои на своите маици ги имаа познатите принтови.

     

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари