ШАРЕНИТЕ НАЈАВУВААТ ПЕКОЛНО ЛЕТО, ТРГНАА КОН СОБРАНИЕ

a:1:{s:9:"td_source";s:45:"Скопје,(САКАМДАКАЖАМ.МК)

    ШАРЕНИТЕ НАЈАВУВААТ ПЕКОЛНО ЛЕТО, ТРГНАА КОН СОБРАНИЕ

    „Еднопартиски избори не може“ е централниот транспарент со кој вечерва антивладините демонстанти тргнаа кон Собрание. На зборното место, пред Специјалното јавно обвинителство (СЈО) како да има натпревар за инвентивност. Демонстрантите дојдоа со слики од Никола Груевски на кои пишува „Рајската градина го доби првиот мајмун“ или  „Готов сум“, а има и слики од Ѓорге Иванов на кои пишува „Закрпи се Хорхе“.

    Шарените го почнаа маршот кон Собрание со порака дека не се откажуваат од борбата. „Ние ја одбираме улицата и затоа ви порачуваме: раскомотете се, ова ќе биде пеколно лето! Протестирам полека ќе станува блокирам, окупирам и секојдневно го менувам системот“, порачаа демонстрантите.

    Шарената револуција и преку вечерашниот протест бара од Собранието да ја поништи одлуката за одржување на изборите на 5 јуни.

    „Собрание, собери се! Шарената револуција бара итно поништување на одлуката за одржување на изборите на 5 јуни. Бараме итно поништување на одлуката за одржување избори на 5 јуни и итно поништување на одлуката за аболиција на оние против кои е поднесено обвинение од страна на СЈО“, пишува на страницата на Шарената револуција на Фејсбук.

    Граѓаните од Шарената револуција бараат и оставка од Иванов, формирање специјално одделение на Кривичниот суд надлежно за случаите на СЈО и формирање преодна влада која докрај ќе ги имплементира итните реформски приоритети од извештајот на Прибе.

    Протести има и во Велес, Крива Паланка, Берово, Делчево, Штип, Струмица, Кавадарци, Радовиш, Демир Хисар, Битола, Ресен и Прилеп.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира