ШЕСТМИНА ПОЧИНАТИ, 140 НОВИ СЛУЧАИ НА КОВИД-19 ОД 1.397 ТЕСТОВИ ИЗМИНАТИТЕ 24 ЧАСА

    ШЕСТМИНА ПОЧИНАТИ, 140 НОВИ СЛУЧАИ НА КОВИД-19 ОД 1.397 ТЕСТОВИ ИЗМИНАТИТЕ 24 ЧАСАСите шестмина починале во болнички услови. - Клиничкиот центар во Скопје (Фото: К. Попов)

    Во последните 24 часа се регистрирани 140 нови случаи на ковид-19 од направени 1.397 тестирања, соопшти Министерството за здравство. По градови, новите случаи се од: Скопје-47, Куманово-18, Штип-3, Прилеп-7, Тетово-15, Струга-3, Велес-3, Битола-3, Охрид-1, Кавадарци-2, Гостивар-3, Гевгелија-4, Струмица-4, Крива Паланка-2, Радовиш-4, Крушево-1, Кочани-5, Пробиштип-2, Македонски Брод-1, Берово-3, Делчево-2, Свети Николе-3, Кичево-2, Ресен-2.

    Министерството за здравство соопшти и дека се починати 6 лица, тројца пациенти од Скопје (84, 73 и 74), двајца од Тетово (68 и 55) и еден пациент од Струга (62). Сите шестмина починале во болнички услови. 

    Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 16.557, бројката на оздравени пациенти е 13.792, на починати е 689, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 2.076.

    Според завршените епидемиолошки анализи во моментов дистрибуцијата по градови е следна:

    • Скопје 6535, активни 586
    • Куманово 1673, активни 201
    • Дебар 275, активни 40
    • Штип 1230, активни 74
    • Прилеп 602, активни 129
    • Тетово 1363, активни 157
    • Струга 642, активни 63
    • Велес 303, активни 30
    • Битола 267, активни 61
    • Охрид 402, активни 47
    • Кавадарци 214, активни 36
    • Гостивар 893, активни 104
    • Гевгелија 103, активни 61 (8 лица од ПЕ Гевгелија се жители на Дојран, 14 на Богданци и 12 се странски државјани)
    • Струмица 162, активни 95
    • Крива Паланка 93, активни 38
    • Радовиш 68, активни 22
    • Крушево 20, активни 3
    • Кочани 238, активни 84
    • Пробиштип 101, активни 21
    • Демир Хисар 61, активни 2
    • Македонски Брод 89, активни 10
    • Пехчево 42, активни 18
    • Берово 79, активни 22
    • Валандово 14, активни 5
    • Виница 97, активни 27
    • Делчево 142, активни 73 (29 лица од ПЕ Делчево се од Македонска Каменица) 
    • Кратово 24, активни 4
    • Свети Николе 315, активни 20
    • Кичево 301, активни 28
    • Ресен 160, активни 13
    • Неготино 49, активни 2 (11 лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)

    Направените 1.397 теста изминатото деноноќие се преку: ИЈЗ-346, ЦЈЗ Скопје-47, Авицена-296,  Биотек-192, МАНУ -78, Жан Митрев (Филип Втори)-113, Систина со PCR метода -164, лабораторија Лаор –73, Судска медицина-0, ЦЈЗ Битола-57, Инфективна клиника-1, ГАК-12, Синлаб-18, лаборатории од странство-0. Досега во земјата се направени вкупно 174.097 тестирања на ковид -19.

    На Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се 10 пациенти.  Вкупно се хоспитализирани 78 пациенти. На кислородна поддршка се 43 пациенти, нема пациенти на механичка вентилација.  

    Во болницата во Козле хоспитализирани  се  4 деца и 4 мајки позитивни на ковид-19, 5 деца и 5 мајки суспектни на вирусот.

    Во ГОБ „8 Септември“ примени се 2, а вкупно хоспитализирани се 31 пациент. На респираторна машина е 1 пациент.

    Во болницата во Битола се хоспитализирани 22, а во болницата во Штип се хоспитализирани 43 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп, Гостивар, Струмица и Струга се хоспитализирани 160, позитивни и сомнителни на ковид-19.

     

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира