ШПЕКУЛАЦИИ СЕ ДЕКА АХМЕТИ ОДЛУЧИЛ ЗА ВМРО-ДПМНЕ, ВЕЛИ БУЈАР ОСМАНИ

a:1:{s:9:"td_source";s:24:"Тетово,(МЕТА)

    ШПЕКУЛАЦИИ СЕ ДЕКА АХМЕТИ ОДЛУЧИЛ ЗА ВМРО-ДПМНЕ, ВЕЛИ БУЈАР ОСМАНИ

    За ДУИ е важна Платформата на Албанците и важен е начинот како тој договор ќе го реализираме. Во текот на денот од дебатата ќе поминеме на поконкретни предлози, изјави портпаролот на ДУИ, Бујар Османи, пред седиштето ДУИ во Мала Речица каде што централното претседателство на ДУИ во проширен состав решава за можната коалиција со ВМРО-ДПМНЕ за состав на влада.

    Портпаролот на ДУИ, како шпекулации ги оцени тврдењата дека претседателот на ДУИ, Али Ахмети, предложил коалиција со ВМРО-ДПМНЕ, а другите членови на партијата биле против.

    „Јас ги отфрлам таквите шпекулации. Ахмети има статутарно право и сам да одлучи за чекорите, но негова цел е да ги слушне мислењата на сите членови на претседателството за сите опции, за да се донесе најздрава одлука. Отфрлувам дека има раздор во партијата или некакви преференци. Не ни е битна политичката судбина на ВМРО-ДПМНЕ или СДСМ важна ни е реализацијата на платформата и договорот потпишан со Албанците“, изјави Османи.

    Неизвесно е дали одлука за евентуална коалиција со ВМРО-ДПМНЕ ќе се донесе денеска или утре. Можно е средбата да трае и после полноќ.

     

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира