Шефот на германската дипломатија Франк-Валтер Штајнмајер денеска, пред почетокот на средбата на министрите за надворешни работи на ЕУ во Луксембург, изјави дека ЕУ ќе прави напори за смирување на состојбата за , колку што е можно, во Македонија да има фер предуслови за избори.
Советот за надворешни работи на Европската Унија денеска, по предлог на Германија и на Велика Британија расправа за состојбата во Република Македонија.
„Состојбата во Македонија е загрижувачка“, изјави Штајнмаер. „Се успеа во одлагање на најавениот термин за избори, но внатрешнополитичките судири во Македонија траат и натаму и ние и натаму, во рамките на нашите можности, европските можности, ќе мора да правиме напори за придонес за смирување на состојбата и за, колку што е можно, во Македонија да има фер предуслови за избори, кои би се одржале во термин кој би требало допрва да се договори“, изјави Штајнмајер во Луксембург.
Шефовите на дипломатија на членките на ЕУ ќе дадат необврзувачка препорака за политичката криза во Македонија, како земја кандидат за членство во Унијата.