ШТО Е ДОГОВОРЕНО ВО ПРЖИНО, ТРЕБА ДА СЕ ОСТВАРИ, ПОРАЧА БЕЈЛИ

a:1:{s:9:"td_source";s:45:"Скопје,(САКАМДАКАЖАМ.МК)

    ШТО Е ДОГОВОРЕНО ВО ПРЖИНО, ТРЕБА ДА СЕ ОСТВАРИ, ПОРАЧА БЕЈЛИ

    Американскиот амбасадор во Македонија Џес Бејли кажа дека договореното од Пржино останува добра основа за надминување на политичката криза во земјата. Бејли, кој зборуваше на завршниот настан од проектот на УСАИД за меѓуетничката интеграција во образованието, вели дека сме имале систем поставен од мај до јули 2015 година за враќање во Собранието, создавање услови за фер избори и за справување со прашањето за неовластено прислушуваните разговори и сега треба да продолжиме со реформите.

    „Зборувавме за ова многупати, не знам дали има Пржино еден, два, три… Имавме систем поставен од мај до јули 2015 година, кој предвидуваше кризата да се реши со враќање во Собранието, со создавање услови за добри и фер избори, со справување со прашањето на неовластено прислушуваните разговори, како тие настанале и што откриваат, и потоа да продолжиме со реформските приоритети. Сметам дека тоа останува добра основа за да одиме напред. Ако ги погледнете овие елементи, мислам дека може да видите начин како да одиме напред“, рече Бејли, одговарајќи на новинарско прашање дали е потребен трет дел од Договорот од Пржино за решавање на двегодишната политичката криза.

    За одлуката на претседателот Ѓорге Иванов да не го додели мандатот за формирање влада, Бејли повтори дека очекува претседателот Ѓорге Иванов да ја преиспита својата одлука.

    „Сметаме дека тоа не беше правилна одлука и се надеваме дека ќе ја преиспита. Мислам дека е важно демократските институции да функционираат и во тоа се содржани решенијата“, вели Бејли.

    Тој кажа и дека одлуката за следните чекори треба да ја донесат лидерите на политичките партии.

    „Ние остануваме партнер и пријател на Македонија, сакаме да помогнеме процесот да се движи напред, но на крајот од денот, сè зависи од вас, од граѓаните, од вашите лидери, од тоа да профункционираат демократските институции. Има тензии во општеството, има поделби и важно е институциите да ги приближуваат граѓаните“, рече американскиот амбасадор.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира