Сведокот Иван Николов на денешното сослушување во Кривичниот суд за случајот „Поткуп“ на 19 декември. 2013 година, кога го пријавувал Зоран Заев во МВР, во еден од ходниците го сретнал тогашниот директор на БЈБ Митко Чавков.
„Што тука Иво?, ме праша Чавков кого го познавам, ама не контактирам со него. Се познавам со син му, по бизнис линија со градежништвото. Се видов во 2017 година, кога Митко Чавков дојде со син му, за да земат понуди од мене“, одговараше сведокот на прашања на одбраната на премиерот Заев, чие обвинение се однесува на периодот додека бил градоначалник на Струмица.
„Како е можно од цело МВР, вечерта кога го пријавувал обвинетиот, сведокот да налета токму на директорот на Бирото за јавна безбедност?“, реагираше адвокатот Филип Медарски.
С. К. ДЕЛЕВСКА