СИНДИКАТОТ НА ДИПЛОМАТИТЕ БАРА ПРАВИЧНО УНАПРЕДУВАЊЕ НА ПРОФЕСИОНАЛЦИТE

a:1:{s:9:"td_source";s:45:"Скопје,(САКАМДАКАЖАМ.МК)

    СИНДИКАТОТ НА ДИПЛОМАТИТЕ БАРА ПРАВИЧНО УНАПРЕДУВАЊЕ НА ПРОФЕСИОНАЛЦИТE

    Синдикатот на македонската дипломатска служба смета дека во Министерството за надворешни работи продолжува политиката на нетранспарентни и неотчетни кадровски постапки за пополнување на повеќе испразнети места во македонските дипломатско-конзуларни претставништва во странство. Синдикатот соопшти дека иако се направени некои напори, и во определен број случаи се донесени добри кадровски решенија, сепак посебно и очигледно недостасува сегментот на хуманост во утврдувањето критериуми за избор на кандидатите.

    „Не е водено сметка за постарите колеги кои ближат кон пензија, ниту пак за цела една група колеги кои веќе подолг период не се упатуваат на работа во ДКП од недекларирани причини. Во однос на оние, пак, што не се упатени на работа во ДКП, останува фактот дека процесот за нивно унапредување, а за што тие веќе подолго време ги исполнуваат сите законски услови – едноставно е замрзнат без никакво разумно образложение“, вели Синдикатот.

     

    Синдикатот нагласува дека „како облик на хетерогено здружување, значи организација во која, меѓу другите, има и подржувачи па дури и активни учесници на протестите на Шарената револуција, преку граѓанскиот активизам на еден дел од своите членови, всушност се залага МНР да биде дистанцирано од нелегитимните стеги на владеачките елити односно на партиите – држава, и со тоа да се постигне крајно неопходното раздвојување на партискиот од државниот апарат. Тоа, впрочем, е услов без кој не се може доколку интенцијата за наша интеграција во евро-атлантската заедница е вистинска, а не лажирана“.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари