СИТЕ АПТЕКИ ОД ЈАНУАРИ 2020 ЌЕ МОЖЕ ДА ВЛЕЗАТ ВО ЗДРАВСТВЕНАТА МРЕЖА ЗА ДА СЕ РЕШИ ПРОБЛЕМОТ СО НЕДОСТИГ НА ЛЕКОВИ НА РЕЦЕПТ

    СИТЕ АПТЕКИ ОД ЈАНУАРИ 2020 ЌЕ МОЖЕ ДА ВЛЕЗАТ ВО ЗДРАВСТВЕНАТА МРЕЖА ЗА ДА СЕ РЕШИ ПРОБЛЕМОТ СО НЕДОСТИГ НА ЛЕКОВИ НА РЕЦЕПТ„Со ова сметаме дека овие дваесетина проценти од вкупниот број на аптеки во нашата држава значајно ќе придонесат до зголемено снабдување со лекови до сите граѓани во нашата земја, а со тоа да се надмине недостатокот на лекови, кој се јавува до одреден датум во месецот“, рече министерот за здравство Венко Филипче.(Фото: Министерство за здравство)

    Проблемот со недостиг од лекови на рецепт во аптеките во текот на месецот, што се провлекува со години, поради што не може да се подигне лек на товар на Фондот за здравствено осигурување (ФЗО), Министерството за здравство ќе го решава со проширување на мрежата. Ова денес го најави министерот за здравство Венко Филипче, пред почетокот на 41. пленарен состанок на Здравствената мрежа на земјите од ЈИЕ за работата на здравјето во регионот на ЈИЕ.

    Само годинава, ФЗО во повеќе наврати дополнително ги зголемуваше квотите на аптеките, бидејќи по одреден датум во месецот поголем дел од нив ги трошеа квотите и не можеше да се подигне лек на рецепт.

    „Од 1 јануари 2020 година сите аптеки кои се надвор од мрежата ќе може да влезат во мрежата на Министерство за здравство и да склучат договор со Фондот за здравствено осигурување. Со ова, сметаме дека овие дваесетина проценти од вкупниот број на аптеки во нашата држава значајно ќе придонесат до зголемено снабдување со лекови до сите граѓани во нашата земја, а со тоа да се надмине недостатокот на лекови, кој се јавува до одреден датум во месецот“, рече Филипче.

    Е. БОЧВАРОСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира