СИТЕ ДРЖАВНИ ФУНКЦИОНЕРИ ЌЕ СЕ ПРИЈАВАТ НА САЈТОТ ЗА ВАКЦИНАЦИЈА И ЌЕ СЕ ВАКЦИНИРААТ КОГА ЌЕ ИМ ДОЈДЕ РЕДОТ, РЕЧЕ ПЕНДАРОВСКИ

    СИТЕ ДРЖАВНИ ФУНКЦИОНЕРИ ЌЕ СЕ ПРИЈАВАТ НА САЈТОТ ЗА ВАКЦИНАЦИЈА И ЌЕ СЕ ВАКЦИНИРААТ КОГА ЌЕ ИМ ДОЈДЕ РЕДОТ, РЕЧЕ ПЕНДАРОВСКИОва е договорено за да се отстрани секаков сомнеж дека функционерите ќе се вакцинираат преку ред, рече Пендаровски. (Фото: Претседател на РСМ)

    На денешната седница на Советот за безбедност, договорено е сите државни функционери да се пријават за вакцинација против ковид-19 на сајтот Вакцинација.мк на Министерството за здравство и да се вакцинираат кога ќе им дојде редот според категориите како што е распоредот за сите други граѓани, кажа претседателот Стево Пендаровски, кој рече дека ова е договорено за да се отстрани секаков сомнеж дека функционерите ќе ги злоупотребат своите позиции и ќе се вакцинираат преку ред.

    „Ова се однесува на сите, претседател, премиер, министри, и други државни функционери, сосема небитно на која функција сме, ние сме исти со сите други граѓани кои живеат во оваа земја, како што би требало да биде и за сите други работи“, рече Пендаровски.

    Масовната имунизација против ковид-19 почнува утре во здравствените домови низ земјава, со граѓани над 75 години, со пратката од 24.000 дози од вакцината на „АстраЗенека“. Тие треба да бидат повикани од матичните лекари, кои ќе им кажат термин и локација.

    Министерот за здравство Венко Филипче деенска објави дека започна закажувањето на термини преку системот Мој Термин за вакцинација на граѓани опфатени во Правата фаза од Националната стратегија за вакцинација против Ковид 19. Првично се пуштени 9.577 термини, а досега се закажани 5.976 термини за вакцинација на граѓани над 77 години. Вакцинацијата ќе се одвива на постоечките вакцинални пунктови во здравствените установи во градовите низ државата. Тој кажа дека вакцинацијата е прецизно организиран процес, испораката на вакцини ќе оди сукцесивно. Пунктовите за вакцинација ќе се отворат утре во 8 часот, ќе работат до 20 часот секој ден од понеделник до петок.

    Четири илјади вакцини од оваа пратка од почетокот на следната недела ќе се употребат за вакцинација на критичната државна инфраструктура во земјава и тоа вработени во Министерството за внатрешни работи (МВР) кои се најизложени на ризик, а за кои МВР треба да достави списоци согласно ризикот, вработени во АРМ исто така согласно список доставен од институцијата за најизложените групи, новинари вработени во медиуми, вработени во обвинителство и судови, возачите на автобуси во ЈСП „Скопје“, пожарникарите, вработените воспитувачки во градинките и вработените на патарините.

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира