СИТЕ ИНФОРМАЦИИ ЗА ВАКЦИНИТЕ ДОСТАПНИ НА НОВ ВЕБ САЈТ КОВИД19ВАКЦИНАЦИЈА.МК

    СИТЕ ИНФОРМАЦИИ ЗА ВАКЦИНИТЕ ДОСТАПНИ НА НОВ ВЕБ САЈТ КОВИД19ВАКЦИНАЦИЈА.МКЗдравствените работници се вакцинираат со вакцините на „Фајзер“ и „спутник“. (Фото: Ѓ. Личовски)

    Онлајн платформата kovid19vakcinacija.mk  е пуштена во употреба од денеска, преку која граѓаните може да се информираат за вакцините, процесот и фазите на вакцинација, вели Министерството за здравство.

    „Сите одговори на најчесто поставувани прашања во однос на вакцинацијата се сублимирани и достапни тука. Имунизацијата е безбеден и ефикасен процес и е единствен начин за превенција од ширење на заразни болести и спасување животи“, вели Министерството.

    Преку оваа страница може да се пристапи кон апликацијата за искажување заинтересираност за вакцинација против ковид-19, vakcinacija.mk.

    Според податоците од интернет-страницата, досега против ковид-19 со вакцините на „Фајзер“ и „Спутник“ се вакцинирале 5.245 здравствени работници, а бројката на лица кои се заинтересирани за вакцинација е 138.457.

     

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира