СИТЕ ЌЕ ВЕ ЗАТВОРИМЕ – ЗАКАНИ ДО НОВИНАРИТЕ ШТО МРЗНЕА ПРЕД СЕДИШТЕТО НА ВМРО-ДПМНЕ

a:1:{s:9:"td_source";s:45:"Скопје,(САКАМДАКАЖАМ.МК)

    СИТЕ ЌЕ ВЕ ЗАТВОРИМЕ – ЗАКАНИ ДО НОВИНАРИТЕ ШТО МРЗНЕА ПРЕД СЕДИШТЕТО НА ВМРО-ДПМНЕ

    Новинарите цело попладне во неделата мрзнеа на плочникот пред седиштето на ВМРО-ДПМНЕ во Скопје во исчекување на прес – конференција во врска со преговорите за нова влада со Демократската унија за интеграција на Али Ахмети. Ним не им беше дозволен влез во холот зад влезната врата. Дозволено беше само да се оди во тоалет.
    Поради тоа, новинарите одеа на неколку минути да се стоплат во обложувалницата веднаш спроти белата зграда на ВМРО-ДПМНЕ.
    Околу 23 часот, кога влеговме во обложувалницата, се претставиме пред присутните кои сме и побаравме малку да се стоплиме. Објаснивме дека од партијата каде сме дошле да известуваме не не сакаат како новнари и не сме третирани како луѓе, па затоа замоливме малку да поседиме внатре.
    Присутните мажи, за кои мислевме дека се обложувачи и за кои, според нивната реакција претпоставуваме дека се дојдени од седиштето на ВМРО-ДПМНЕ отспротива, ни порачаа да одиме кај СДСМ и Зоран Заев, како што рекоа, „да не прибере“.
    “Сите новинари ќе ве затвориме. Еден нема да останете, бидете сигурни дека тоа многу скоро ќе се случи. Заедно со Сорос ќе ве снема“, почнаа да викаат пет-шестмина од присутните. Останатите во просторијата само гледаа и молчеа.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира