СИТЕ ОБВИНИТЕЛИ ОД СЈО ДА СЕ ВРАТАТ ВО МАТИЧНИТЕ ОБВИНИТЕЛСТВА И ДА СЕ ИСТРАЖИ ДАЛИ БИЛЕ ДЕЛ ОД „РЕКЕТ“, ПОБАРА МИЦКОСКИ

    СИТЕ ОБВИНИТЕЛИ ОД СЈО ДА СЕ ВРАТАТ ВО МАТИЧНИТЕ ОБВИНИТЕЛСТВА И ДА СЕ ИСТРАЖИ ДАЛИ БИЛЕ ДЕЛ ОД „РЕКЕТ“, ПОБАРА МИЦКОСКИЛидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски кажа дека нема да се сложи со предложениот Закон за Јавно обвинителство. (Фото: Ѓ. Личовски)

    Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски вели дека предлог на ВМРО-ДПМНЕ е сите обвинители од СЈО да се вратат во матичните обвинителства по престанокот на мандатот, место да се префрлат во новото Обвинителство за организиран криминал и висока корупција, и да се спроведе истрага за директна или индиректна вмешаност на сите обвинители од СЈО во случајот „Рекет“. На денешната прес-конференција во партиското седиште, тој кажа дека за него не е прифатливо и специјалната обвинителка да биде унапредена во Републички јавен обвинител.

    „Проверка и детална анализа и истрага за директната или индиректната вмешаност на сите обвинители, кои што беа до сега помошници на Специјалниот јавен обвинител. Дури потоа откако ќе се констатира дали биле или не биле дел од овој срамен процес наречен Рекет тие и како сите останати обвинители во државата ќе имаат можност да конкурираат на однапред објавен конкурс и да бидат дел доколку ги исполнат условите за новото обвинителство за гонење на организиран криминал и висока корупција. Се поставува прашањето дали ние вистински се бориме против криминалот со тоа што Катица Јанева ќе ја унапредиме во Републички јавен обвинител, амнестирајќи ја однапред иако сѐ уште не е потврдено дали е виновна“, изјави Мицкоски.

    Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ кажа дека нема да се сложи со предложениот Закон за Јавно обвинителство, затоа што, според него, тој има за цел пресметка со политички неистомисленици и заштита на криминалот на сегашната власт.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира