СИТЕ СМЕ ДЕЦА НА ИЛИНДЕН Е КОНЦЕПТ НА СИТЕ ВРЕДНОСТИ ШТО НЀ ОБЕДИНУВААТ, КАЖА ЏАФЕРИ ВО ПЕЛИНЦЕ

    СИТЕ СМЕ ДЕЦА НА ИЛИНДЕН Е КОНЦЕПТ НА СИТЕ ВРЕДНОСТИ ШТО НЀ ОБЕДИНУВААТ, КАЖА ЏАФЕРИ ВО ПЕЛИНЦЕПретседателот на Собранието Талат Џафери им се заблагодарам на сите граѓани на Република Северна Македонија за нивната истрајност, за нивната лојалност и за одговорното пренесување на аманетот на Илинденците. (Фото: МИА)

    Нашата држава е спој на различности, уникатен мозаик во кој секој уникатен дел растел и се развивал врз своите корени кои биле и се потврда на долговечноста и истрајноста на народите кои живееле и биле дел од ова поднебје, кажа претседателот на Собранието Талат Џафери на прославата на Денот на републиката 2 август во Пелинце. Како што рече Џафери слоганот на годинашната прослава „Сите сме деца на Илинден“, е вистински концепт што ги опишува заедничките вредности кои сите ги славиме, ги празнуваме, тоа се вредности кои нè обединуваат и поврзуваат, нè прават горди и сплотени граѓани на нашата заедничка држава.

    „Полни 28 години самостојна, суверена, слободна држава. Секоја година со нови предизвици, со многу премрежија и нови кризи. Не беше едноставно, но сепак, сите заедно успеавме да ги надминеме и да чекориме напред кон остварувањето на нашите стратешки цели. Нашето патешествие не одеше секогаш паралелно со нашите амбиции и желби. Секако дека клучната улога ја имаа и секогаш ја имаат тие во чии раце е доверена државата, нејзиниот напредок и развој, нејзината безбедност и сигурност. При тоа мислам на сите, и власт и опозиција, затоа што сите добиле дел од легитимитетот и се разбира и одговорноста што ја дава највисокиот суверен – народот“, рече Џафери.

    Во Крушево, на централната прослава на Илинден, зборуваше премиерот Зоран Заев, а во Скопје, од претседателската вила, се обрати претседателот Стево Пендаровски.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира