СИТЕ ВРАБОТЕНИ ВО ЗДРАВСТВОТО ВО АПРИЛ ЌЕ ДОБИЈАТ ПОВИСОКА ПЛАТА ЗА 5 ОТСТО, НАЈАВИ ФИЛИПЧЕ

    СИТЕ ВРАБОТЕНИ ВО ЗДРАВСТВОТО ВО АПРИЛ ЌЕ ДОБИЈАТ ПОВИСОКА ПЛАТА ЗА 5 ОТСТО, НАЈАВИ ФИЛИПЧЕПокачување на платите ќе има и за здравствени и за нездравствени работници во јавно-здравствените установи. (Фото: Ѓ. Личовски)

    Сите вработени во јавно-здравствените установи ќе добијат покачување од пет отсто на платите, вели министерот за здравство Венко Филипче. Тој додава дека покачувањето ќе биде и за медицинскиот, и за немедицинскиот персонал вработен во здравствените установи.

    „Тоа што денес треба да го утврдиме со Синдикатот е зголемувањето на платите за 5% на сите коишто се вработени во здравствениот сектор. Покачување на платите ќе има и за здравствени работници и за нездравствени работници и тоа треба да започне од месец март. Покачувањето е од овој месец односно на мартовската плата којашто се исплаќа во месец април“, рече Филипче.

    Од Министерството за здравство велат дека освен зголемувањето на платите на здравствените работници и останатите вработени во јавно здравствените установи, во услови на ковид пандемија се реализираа 446 нови вработувања во јавното здравство.

    Б. НЕСТОРОСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира