СЈО Е ВО ФУНКЦИЈА НА КАМПАЊАТА НА ОПОЗИЦИЈАТА, КАЖА ЈАНКУЛОВСКА ПО РАСПИТОТ

a:1:{s:9:"td_source";s:45:"Скопје,(САКАМДАКАЖАМ.МК)

    СЈО Е ВО ФУНКЦИЈА НА КАМПАЊАТА НА ОПОЗИЦИЈАТА, КАЖА ЈАНКУЛОВСКА ПО РАСПИТОТ

    Гордана Јанкулоска денеска кусо се задржа во Специјалното јавно обвинителство, по што кажа дека побарала одложување на распитот, бидејќи, според неа, не биле исполнети елементарните услови за почнување на постапката. Поранешната министерка за внатрешни работи побарала и да и бидат приложени на увид доказите врз основа на кои ја сомничи СЈО и притоа го обвини СЈО дека е ставено целосно во функција на кампањата на опозицијата за претстојните избори.

    “Јас од поодамна се занимавам со политика, свесна сум дека ова што сега се случува е можеби набрзина направено од СЈО во контекст на изборите. Како што јавноста во повеќе наврати беше сведок и медиумите коментираа дека се целосно ставени во корист на кампањата на опозицијата која и покрај толку години во опозиција нема што да им понуди на граѓаните на Република Македонија и очигледно е дека најважна алатка за претстојните парламентарни избори останува да биде СЈО”, рече Јанкулоска, додавајќи дека очекува уште распити во СЈО.

    Ниту Јанкулоска, ниту СЈО потврдија за кој случај беше повикана да даде исказ.Јанкулоска е третоосомничена во „Тврдина“, третата истрага на СЈО, што ја објави на 30 март, со петмина осомничени кои се товарат дека лани ја искористиле својата службена положба за да ја уништат опремата од нелегалното прислушување, вредна 10 милиони евра.

    Пред неа, на распит во СЈО дојде и второосомничениот во „Тврдина“, Тони Јакимовски, шеф на кабинет на поранешниот директор на УБК Сашо Мијалков.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира