СЈО ГИ ОБЕЗБЕДИ ДОКАЗИТЕ ОД УБК ЗА ПРИСЛУШУВАЊЕТО, СУДИЈКАТА СЕ РАЗБОЛЕ

a:1:{s:9:"td_source";s:45:"Скопје,(САКАМДАКАЖАМ.МК)

    СЈО ГИ ОБЕЗБЕДИ ДОКАЗИТЕ ОД УБК ЗА ПРИСЛУШУВАЊЕТО, СУДИЈКАТА СЕ РАЗБОЛЕ

    Обвинетиот ексначалник на Петтата управа Горан Грујовски не дојде на денешното рочиште во Основниот суд Скопје 1, каде од СЈО е обвинет за незаконско палење на над две илјади списи од УБК меѓу кои и докази за прислушувањето.

    Како што рече единствениот присутен адвокат од одбраната (на второ и седмообвинетата), одбраната на сите обвинети во петокот се информирала од Судот дека судијката Лидија Петровска имала отворено боледување и затоа ниту еден од обвинетите не дошол на судењето. Не беше присутен ниту адвокатот на Грујовски, Никола Додевски.

    Од СЈО дојдоа обвинителите Ленче Ристоска и Трајче Пеливанов, кои го информираа судијата кој ја заменуваше судијката Петровска дека СЈО обезбедило декласификација на поголем дел од доказите, а останале недекласифицирани единствено деловните книги на УБК.

    Ристоска го потсети судот дека ова барање за декласифиикација СЈО морало да го обезбеди по налог на судијката Петровска. Ристоска меѓутоа кажа дека целата комуникација оди преку министерот за внатрешни работи Агим Нухиу, бидејќи УБК одбива да ја прима поштата од СЈО и одбива да комуницира со ова обвинителство.

    „Сите дописи од СЈО ги испраќаме до министерот, потоа тој ги доставува до УБК, па повратниот одговор оди пак преку министерот и ние од него дознаваме“, рече Ристоска.

    Расправата се одложува за 5 мај. Заменскиот судија рече дека Петровска ќе се вратела на работа кон крајот на оваа недела и го упати единствениот присутен адвокат на одбраната да им каже на останатите адвокати документот за декласифицирање на податоците од УБК што го достави СЈО да го земат од Петровска. На ова, Ристоска рече дека не направиле копии за сите, туку само за Судот, бидејќи немаат сите адвокати безбедносен сертификат.

    С.К. ДЕЛЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира