СЈО ЌЕ СЕ ТРАНСФОРМИРА ВО СЈО БЕЗ КРАЕН РОК ЗА ПОДНЕСУВАЊЕ ОБВИНЕНИЈА И СО ПРОШИРЕНИ НАДЛЕЖНОСТИ

    СЈО ЌЕ СЕ ТРАНСФОРМИРА ВО СЈО БЕЗ КРАЕН РОК ЗА ПОДНЕСУВАЊЕ ОБВИНЕНИЈА И СО ПРОШИРЕНИ НАДЛЕЖНОСТИСпоред предлог-законот за СЈО, платата на Специјалниот јавен обвинител се определува во висина од 5% пониска од платата на Јавниот обвинител на Република Македонија, а во досегашната законско решение беше 10% пониска. - Специјалната јавна обвинителка Катица Јанева во Собранието (Фото: СДК.МК)

    Со предлог-законот за Специјално јавно обвинителство, објавен од Министерството за правда, Јавното обвинителство за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите, како што е официјалното име на ова обвинителство, се трансформира во Специјално јавно обвинителство и се укинува членот 22 од досегашниот закон за краен рок за покренување обвинение.

    „Јавниот обвинител кој раководи со Јавното обвинителство, може да покрене обвинение или да нареди запирање на истражна постапка во период не подолг од 18 месеци од денот на преземањето на предметите и материјалите во негова надлежност“, гласи членот 22.

    Со предлог-законот се дополнува надлежноста на СЈО и освен кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на неовластеното следење на комуникациите извршено во периодот меѓу 2008 и 2015 година, СЈО ќе биде овластено и надлежно да истражува и гони: кривични дела извршени од Претседателот на РМ, поставените амбасадори и други претставници на РМ во странство и именувани лица од Претседателот на РМ, избрани или именувани функционери во и од Собранието на РМ, во и од Владата на РМ, во судовите, јавното обвинителство, Судскиот совет на РМ, Советот на јавните обвинители на РМ, избраните градоначалници на единици на локалната самоуправа и Град Скопје, и одговорни лица во политички партии против: изборите и гласањето од Глава шеснаесетта на Кривичниот законик; животната средина и природата од Глава дваесет и втора од Кривичниот законик; културното наследство и природните реткости од Глава дваесет и четврта од Кривичниот законик; јавни финансии, платен промет и стопанство од глава дваесет и петта од Кривичниот законик; државата од глава дваесет и осма; вооружените сили од глава дваесет и девета; службената должност од глава триесет од Кривичниот законик; јавниот ред од глава триесет и три од Кривичниот законик и кривично дело Неовластено оддавање информации и податоци за сведоците, соработниците на правдата, жртвите кои се јавуваат во својство на сведоци и нивните блиски лица од член 42 од Законот за заштита на сведоци, како и кривично дело Давање на лажен исказ од член 367 став 3 и 4 од КЗ, Спречување на докажување од член 368, Незаконито влијание на сведоци од член 368 – а од КЗ, Присилба према правосуден работник од член 375, Спречување на службено лице во вршење службено дејствие од член 382 од КЗ, ако овие дела се сторени во врска со постапки кои ги води Специјалното јавно обвинителство.

    Предлог-законот е поставен на Единствениот национален електронски регистар на прописи на Република Македонија.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира